ПРОРУСКИОТ ЛИДЕР НА ХЕРСОН ГИ ПОВИКА ЖИТЕЛИТЕ ДА ЗАМИНАТ ДОДЕКА УКРАИНСКИТЕ СИЛИ НАПРЕДУВААТ

    ПРОРУСКИОТ ЛИДЕР НА ХЕРСОН ГИ ПОВИКА ЖИТЕЛИТЕ ДА ЗАМИНАТ ДОДЕКА УКРАИНСКИТЕ СИЛИ НАПРЕДУВААТУкраинската војска кажа дека ослободила уште пет населени места во Херсон (Фото: АП)

    Русија ќе помогне да се евакуираат жителите на анектираниот украински регион Херсон, изјави рускиот вицепремиер Марат Хуснулин, откако тамошниот проруски лидер Владимир Салдо побара помош од Москва.

    Владата донесе одлука да организира помош при заминувањето на жителите на Херсон во друг регион на земјата“, изјави Хуснулин.

    Ова следува откако Салдо ги повика жителите да ја напуштат областа додека украинските сили продолжуваат со противофанзивата.

    Им сугерираме на сите жители на Херсон да заминат во други региони за да се спасат од проектилите. Во тоа бараме помош од Русија, зашто знаеме дека Русија нема да ги напушти своите“, изјави Салдо.

    Тој тврди дека регионот е изложен на интензивни гранатирања кои предизвикале сериозна штета, навестувајќи дека Украинците напредуваат.

    Херсон е еден од четирите региони што Русија неодамна ги анектираше, а повикот на Салдо следува откако украинските сили ослободија пет населени места во Херсон. Во почетокот на октомври, украинските сили го поместија јужниот фронт за 20 километри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира