ПРОТЕСТ ПРОТИВ БРЕГЗИТ ВО ЛОНДОН, СЕ БАРА НОВ РЕФЕРЕНДУМ ЗА ЕУ

    ПРОТЕСТ ПРОТИВ БРЕГЗИТ ВО ЛОНДОН, СЕ БАРА НОВ РЕФЕРЕНДУМ ЗА ЕУДенешниот марш во Лондон е еден од најголемите веков и може да се спореди со оној од 2003 година, насловен „Запрете ги војните“. (Фото: АП)

    Стотици илјади маршираат низ централен Лондон, барајќи уште еден референдум за членството во ЕУ, додека британските парламентарци бараат решение за Брегзит. Организаторите на протестот велат дека повеќе од милион луѓе му се приклучиле на маршот пред да се соберат пред парламентот.

    Маршот се случува откако ЕУ се согласи да го одложи заминувањето на Велика Британија од унијата.

    Премиерката Тереза Меј е под притисок да си поднесе оставка, откако кажа дека можеби нема да го стави на гласање нејзиниот договор за Брегзит по третпат во парламентот, ако нема поддршка од пратениците.

    Ако нејзиниот договор не биде одобрен од пратениците, Британија ќе мора да најде алтернативен план или да излезе од ЕУ без договор на 12 април.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира