ПРВАТА ШВЕДСКА ПРЕМИЕРКА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА НЕКОЛКУ ЧАСА ОТКАКО БЕШЕ ИЗБРАНА

    ПРВАТА ШВЕДСКА ПРЕМИЕРКА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА НЕКОЛКУ ЧАСА ОТКАКО БЕШЕ ИЗБРАНАМагдалена Андерсон денеска беше избрана за нова лидерка (Фото: ДПА)

    Првата шведска премиерка поднесе оставка само неколку часа откако дојде на функцијата.

    Магдалена Андерсон денеска беше избрана за нова лидерка, но се повлече откако нејзин коалициски партнер излезе од владата и не помина буџетот што таа го предложи. Место тоа, парламентот го изгласа буџетот предложен од опозицијата, која вклучува и антиимигрантска крајнодесничарска партија.

    „Му кажав на спикерот дека сакам да поднесам оставка“, изјави 54-годишната социјалдемократка.

    Ова следува откако Зелената партија соопшти дека не може да прифати буџет во чие изготвување за првпат учествуваше и крајната десница.

    Андерсон кажа дека уште еднаш ќе се обиде да стане премиерка како лидерка на еднопартиска влада.

    Иако жените уште пред 100 години добија право на глас, Шведска до денеска беше единствената скандинавска држава која немала премиерка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира