ПРВИ АПСЕЊА ВО ИРАН ЗА СОБОРУВАЊЕТО НА УКРАИНСКИОТ АВИОН, ЌЕ СЕ ФОРМИРА ПОСЕБЕН СУД

    ПРВИ АПСЕЊА ВО ИРАН ЗА СОБОРУВАЊЕТО НА УКРАИНСКИОТ АВИОН, ЌЕ СЕ ФОРМИРА ПОСЕБЕН СУДИранците во изминатите денови протестираа и бараа да се откријат одговорните за несреќата (Фото: АП)

    Иранските судски власти објавија дека се извршени први апсења во врска со случајното соборување на украинскиот патнички авион, кога загинаа сите 176 патници и членови на екипажот.

    Ова следува откако Иранците во изминатите денови јавно го изразуваа својот гнев поради првичното негирање на властите дека авионот бил погоден со проектил. Иран дури по три дена призна дека Иранската револуционерна гарда е виновна за уривањето на авионот.

    „Спроведена е обемна истрага и неколку поединци се уапсени“, изјави портпаролот на обвинителството Голамхосеин Есмаили, не откривајќи за колкава бројка луѓе станува збор.

    Иранскиот претседател Хасан Рухани повика да се формира посебен суд кој ќе го истражи тешкиот инцидент.

    „Ова не е обичен случај. Целиот свет ќе ја следи работата на овој суд, во кој треба да бидат високорангирани судии и десетици експерти. Инцидентот е болна и непростлива грешка и ветувам дека ќе биде истражен до крај. За ова не е одговорен само еден поединец“, изјави Рухани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира