ПУКАЊЕ И ЕКСПЛОЗИИ ВО ЦЕНТАРОТ НА ВИЕНА, АВСТРИСКИТЕ МЕДИУМИ ЈАВУВААТ ДЕКА ИМА НЕКОЛКУ ЗАГИНАТИ

    ПУКАЊЕ И ЕКСПЛОЗИИ ВО ЦЕНТАРОТ НА ВИЕНА, АВСТРИСКИТЕ МЕДИУМИ ЈАВУВААТ ДЕКА ИМА НЕКОЛКУ ЗАГИНАТИСкриншот од видео на социјалните мрежи на кој се гледа еден од напаѓачите. (Фото:: Твитер)

    Во Виена е во тек голема полициска операција, откако вечерва имаше неколку пукања и детонации, а локалните медиуми објавија дека има и седум загинати.

    Центарот на австриската престолнина е затворен од полицијата и меѓу загинатите и има и еден полицаец, како и четворица тешко повредени.

    Позадината на нападот засега е целосно непозната. Според првичните извештаи, нападната била и синагогата.

    Полицијата апелираше до граѓаните да не користат јавен превоз и да избегнуваат јавни места, како и да не објавуваат фотографии и видеа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира