ПУТИН Е КАСАП, КАЖА БАЈДЕН НА СРЕДБАТА СО УКРАИНСКИТЕ БЕГАЛЦИ ВО ПОЛСКА

    ПУТИН Е КАСАП, КАЖА БАЈДЕН НА СРЕДБАТА СО УКРАИНСКИТЕ БЕГАЛЦИ ВО ПОЛСКАБајден ја посети Полска на крајот на својата четиридневна европска турнеја (Фото: АП)

    Џо Бајден го опиша Владимир Путин како касап при денешната средба со украинските бегалци во Полска. Тој ја посети Полска на крајот на својата четиридневна европска турнеја, при што се сретна и со дел од украинските министри, за првпат од почетокот на руската инвазија пред еден месец.

    Запрашан од новинарите што мисли за Владимир Путин, Бајден одговори:

    „Тој е касап“.

    Реагирајќи на овој коментар на Бајден, Кремљ кажа дека со таквите изјави уште повеќе се намалуваат шансите за подобрување на односите помеѓу САД и Русија.

    Додека Бајден беше во Варшава, Русите продолжија да ги гранатираат украинските градови, при што две моќни експлозии попладнево се слушнаа и во Лавов на западот на земјата.

    На средбата со украинските министри за надворешни работи и одбрана, Бајден вети дека ќе ја зголеми американската воена помош за Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира