ПУТИН ГО ПОЧНА ЧЕТВРТИОТ МАНДАТ И НАЈАВИ УШТЕ ПОМОЌНА РУСИЈА

    ПУТИН ГО ПОЧНА ЧЕТВРТИОТ МАНДАТ И НАЈАВИ УШТЕ ПОМОЌНА РУСИЈАНа Русија ѝ треба пробив во сите сфери од животот, кажа Путин (Фото: АП)

    Владимир Путин денеска и официјално го почна четвртиот мандат како претседател на Русија, ветувајќи дека ќе ги искористи сите таленти на земјата за да постигне нови огромни успеси.

    Околу 5.000 гости присуствуваа на церемонијата во Кремљ, вклучувајќи го и бившиот германски канцелар Герхард Шредер, кој седеше во првиот ред заедно со рускиот премиер Дмитри Медведев и патријархот Кирил.

    За разлика од порано, кога користеше возила од странско производство, Путин овојпат пристигна со нова руска лимузина „кортеж“ (Фото: Ројтерс)

    „Ја повративме гордоста на нашата земја. Како челник на државата, ќе сторам сѐ за да ги зголемам силата и просперитетот на Русија. Ни треба голем пробив во сите сфери од животот. Длабоко сум убеден дека таков голем скок може да се постигне само во слободно општество, отворено за сѐ она што е ново и напредно“, кажа Путин, додавајќи дека Русија изминативе години се кренала како Феникс.

    Тој е веќе 18 години на власт во Русија, како претседател или премиер и на последните избори убедливо освои нов шестгодишен мандат, поради што опозицијата почна да го споредува со цар.

    Инаугурацијата на Путин беше најавена со протести низ земјата во саботата, при што беа уапсени илјада луѓе.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари