Францускиот претседател Емануел Макрон кажа дека добил уверувања од Владимир Путин дека Русија нема да ја засилува кризата на границата со Украина. Тој вчера стана првиот западен лидер кој ја посетил Москва откако Русија почна да трупа војска долж украинската граница, поради што се појавија стравувања дека планира инвазија.
„Обезбедив уверување дека нема да има влошување на ситуацијата или ескалација“, кажа Макрон.
Истовремено, Кремљ вели дека Путин не дал никакви гаранции.
„Во оваа ситуација, Париз и Москва не може да постигнуваат никакви договори“, изјави портпаролот на руската влада, Дмитри Песков.
По вчерашните речиси шестмесечни разговори во Москва, Макрон денеска отпатува за Киев, додека се обидува да се наметне како посредник во решавањето на кризата.
„Има шанси преговорите помеѓу Русија и Украина да тргнат напред. Постојат конкретни решенија за намалување на тензиите. Решавањето на кризата може да потрае со месеци, но Путин ми кажа дека нема да стои зад никаква ескалација и тоа е многу важно“, изјави Макрон на заедничката прес-конференција со Володимир Зеленски.
Украинскиот претседател кажа дека очекува во блиска иднина да има разговори во кои ќе учествуваат и Русија, Германија и Франција, но го повика Путин да ги намали тензиите.