ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ СО ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ

    ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ СО ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕРусија вели дека вежбите се одговор на провокативните изјави и заканите на одредени западни претставници (Фото: АП)

    Русија објави дека ќе вежба распоредување на тактичко нуклеарно оружје по она што го опиша како закани од Франција, Велика Британија и САД.

    Откако ја нападна Украина, Русија постојано укажува на нуклеарни ризици, за кои кажа дека САД мора да ги сфатат сериозно, иако Вашингтон вели дека не гледа промена во однесувањето на Русија во тој поглед.

    Руското министерство за одбрана објави дека ќе одржат воени вежби кои ќе вклучат подготовка и распоредување на нестратешко нуклеарно оружје. Вежбите ги наредил Владимир Путин. Најавено е дека во вежбите ќе учествуваат Јужниот воен округ, авијацијата и морнарицата.

    Вежбата е насочена кон обезбедување на територијалниот интегритет и суверенитет на Русија како одговор на провокативните изјави и заканите на одредени западни претставници против Руската Федерација“, кажаа од министерството за одбрана.

    Кремљ појасни дека вежбите се одговор на забелешките на Емануел Макрон, британски функционери и на претставници на американскиот Сенат.

    Според Здружението на американските научници, Русија располага со околу 1.558 нестратешки нуклеарни боеви глави, но точната бројка тешко може да се утврди.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира