ПУТИН НЕ ДОАЃА НА ПОГРЕБОТ НА ПРИГОЖИН, ГО ОТКАЖА И УЧЕСТВОТО НА САМИТОТ НА Г20

    ПУТИН НЕ ДОАЃА НА ПОГРЕБОТ НА ПРИГОЖИН, ГО ОТКАЖА И УЧЕСТВОТО НА САМИТОТ НА Г20Сè уште е нејасно што е причината за несреќата во која загина Пригожин (Фото: Гети)

    Владимир Путин не планира да присуствува на погребот на шефот на платеничката група „Вагнер“, Евгени Пригожин, кој загина во авионска несреќа минатата недела, објави Кремљ. Приватниот авион на Пригожин летал од Санкт Петербург за Москва кога се урнал во Тверска област на 23 август, при што загинаа сите десетмина патници и членови на екипажот.

    Сè уште е нејасно што е причината за несреќата, но Кремљ како апсолутна лага ги отфрли сугестиите дека го наредил убиството на Пригожин.

    Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека немаат информации за погребот на Пригожин, додавајќи дека Путин нема да присуствува. Ден по несреќата, Путин упати сочувство до семејствата на загинатите и кажа дека го познавал Пригожин уште од почетокот на 1990-ите.

    Авионската несреќа се случи точно два месеца откако Пригожин предводеше побуна против раководството на руската војска, при што неговите борци го зазедоа Ростов и стигнаа на 200 километри до Москва. Истражителите завчера објавија дека генетските тестови потврдија дека Пригожин бил во паднатиот авион, заедно со двајцата други водачи на „Вагнер“, Дмитри Уткин и Валери Чекалов.

    Покрај погребот на Пригожин, Путин не доаѓа ни на претстојниот самит на Г20 во Њу Делхи, каде што Русија ќе ја претставува министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Кремљ соопшти дека Путин нема да патува за Индија зашто е презафатен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира