ПУТИН ОТПАТУВА ЗА ТЕХЕРАН ЗА ДА ГИ ПРОДЛАБОЧИ ОДНОСИТЕ СО ИРАН, ЌЕ СЕ СРЕТНЕ И СО ЕРДОГАН

    ПУТИН ОТПАТУВА ЗА ТЕХЕРАН ЗА ДА ГИ ПРОДЛАБОЧИ ОДНОСИТЕ СО ИРАН, ЌЕ СЕ СРЕТНЕ И СО ЕРДОГАНПутин прво се сретна со иранскиот претседател Ебрахим Раиси во Техеран (Фото: АП)

    Владимир Путин е во посета на Иран, што е негово само второ патување во странство од почетокот на руската инвазија на Украина. Тој се сретна со претседателот Ебрахим Раиси во Техеран, а подоцна ќе има средба и со врховниот водач на Иран и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

    Теми на разговорите се извозот на жито, Сирија и Украина.

    Оваа посета е шанса да се продлабочат односите со Иран, еден од ретките меѓународни сојузници на Русија, при што „Газпром“ потпиша договор со иранската државна нафтена компанија вреден 40 милиони долари. Посетата следува откако САД минатата недела предупредија дека Иран сака да ја снабди Русија со стотици дронови.

    Односите помеѓу Русија и Иран се развиваат со добро темпо. Ја зајакнуваме соработката во области како меѓународна безбедност, трговија и решавање на сириската криза“, кажа Путин по средбата со Раиси.

    Турција и Русија беа на спротивните страни во граѓанската војна во Сирија и Анкара најави нова офанзива против курдските милиции, на што се противат и Русија и Иран. Турција досега одбиваше да воведе санкции за Москва и сака да се наметне како посредник во решавањето на украинската криза, особено во поглед на извозот на 22 милиони тони жито, што остануваат заглавени во Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира