ПУТИН САМИОТ ИЗБРА ВОЈНА, ЛАГА Е ДЕКА ТАА Е БОРБА ПРОТИВ НАЦИЗМОТ, КАЖА МАКРОН

    ПУТИН САМИОТ ИЗБРА ВОЈНА, ЛАГА Е ДЕКА ТАА Е БОРБА ПРОТИВ НАЦИЗМОТ, КАЖА МАКРОНМакрон кажа дека ќе остане во контакт со Путин (Фото: АФП)

    Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди „лагите што ги шири руската влада за да ја оправда инвазијата на Украина“, но кажа дека ќе остане во контакт со Владимир Путин со цел да се постигне и одржи примирје.

    Макрон, кој во изминатиот период се обиде да се наметне како посредник помеѓу Русија и Украина, ја префрли целата вина за војната врз Кремљ.

    „Путин самиот избра војна, предавајќи ги меѓународните обврски една по друга. Оваа војна не е конфликт помеѓу западот и Русија, како што некои веруваат. Нема бази на НАТО во Украина. Тоа се лаги. Нема никаква агресија врз Русија, таа е агресорот. Оваа војна не е борба против нацизмот, тоа е лага“, кажа Макрон во обраќањето до нацијата.

    Макрон, кој сè уште не објавил дека ќе се кандидира на претседателските избори за два месеца, додаде дека ќе продолжи да ги брани француските вредности и ставови низ светот.

    „Војната во Украина е повик за будење, почеток на нова ера за Европа. Војната ќе има економски и социјални последици и ја нагласи потребата од заедничка, независна одбранбена стратегија“, кажа Макрон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира