ПУТИН СЕ ЗАКАНИ ДЕКА РУСИЈА ЌЕ НАПАДНЕ ПОЖЕСТОКО АКО ЗАПАДОТ ЈА СНАБДУВА УКРАИНА СО РАКЕТИ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛ

    ПУТИН СЕ ЗАКАНИ ДЕКА РУСИЈА ЌЕ НАПАДНЕ ПОЖЕСТОКО АКО ЗАПАДОТ ЈА СНАБДУВА УКРАИНА СО РАКЕТИ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛУкраински војници прават самослик пред уништување на неексплодирана руска муниција во предградието на Киев. (Фото: АП)

    Рускиот претседател Владимир Путин го предупреди Западот да не ја снабдува Украина со ракетни системи со долг дострел, велејќи дека тоа има за цел да го продолжи конфликтот. Во телевизиско интервју, Путин рече дека Москва ќе погоди цели какви „сè уште не сме погодиле“ ако Западот продолжи со такви испораки. Не беше јасно дали Путин мислеше на нови цели во или надвор од границите на Украина.

    „Сета оваа врева околу дополнителните испораки на оружје, според мое мислење, има само една цел: да се одолговлекува вооружениот конфликт што е можно повеќе“, рече Путин, алудирајќи на плановите на САД да ѝ достават на Украина повеќе ракетни системи за лансирање.

    Ако Киев добие ракети со поголем дострел, додаде тој, Москва „ќе извлече соодветни заклучоци и ќе ги искористи нашите средства за уништување, кои ги имаме многу, за да ги нападне оние објекти што сè уште не сме ги погодиле“.

    Тој инсистираше на тоа дека таквите испораки веројатно нема да променат многу за украинската влада, за која рече дека само ги надополнува загубите на ракети со сличен дострел што тие веќе ги имале.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира