ПУТИН ВЕЛИ ДЕКА Е СПРЕМЕН ДА СЕ СРЕТНЕ СО ТРАМП, ГО НАРЕЧЕ ПАМЕТЕН И ПРАГМАТИЧЕН

    ПУТИН ВЕЛИ ДЕКА Е СПРЕМЕН ДА СЕ СРЕТНЕ СО ТРАМП, ГО НАРЕЧЕ ПАМЕТЕН И ПРАГМАТИЧЕНПутин не верува дека Трамп би вовел санкции кои негативно би се одразиле врз американската економија (Фото: Анадолу)

    Владимир Путин изјави дека тој и Доналд Трамп би требало да се сретнат за да разговараат за Украина и цените на енергенсите, прашања што новиот американски претседател ги нагласи во првите пет дена од својот нов мандат. Сепак, Путин додаде дека не може да има сериозни мировни преговори со Украина додека западот не го убеди Володимир Зеленски да укине декрет од 2022 кој забранува да се преговара со рускиот лидер.

    Иако Трамп ѝ се закани на Русија со големи царини, даноци и санкции, Путин го опиша како паметен и прагматичен. Путин кажа дека не верува дека Трамп би вовел санкции кои негативно би се одразиле врз американската економија.

    Затоа би било најдобро да се сретнеме и да разговараме мирно за сите области кои се од интерес на Русија и САД. Ние сме спремни“, изјави Путин.

    И Трамп во неколку наврати кажа дека сака да се сретне со Путин, велејќи дека војната во Украина ја уништува руската економија.

    Не можам да не се согласам дека доколку Трамп беше претседател, односно ако изборната победа не му беше украдена во 2020, веројатно ќе ја немаше кризата во Украина, која почна во 2022“, рече Путин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира