Бугарскиот премиер Румен Радев потврди дека неговата земја ќе се придружи на новиот европски заем од 45 милијарди евра за поддршка на Украина, но нема да придонесува за купување оружје и муниција. Заемот треба да покрие две третини од воениот дефицит на Киев за 2027 година.
„Подготвени сме да се придружиме“, рече Радев.
Тој првично изрази резерви во врска со финансиската шема, тврдејќи дека неговата земја мора да ги ограничи своите јавни трошоци, кои се под интензивна контрола. Како резултат на тоа, Бугарија се спротивстави на новиот заем, заедно со Словачка, Унгарија и Чешка.
Но, денеска, Радев објави дека неговата земја ќе го прифати предлогот, под услов да остане надвор од воената компонента.
„Имаме огромна историска дијаспора од 300.000 Бугари кои живеат во Украина. Нашите желби и нашето барање се да ја концентрираме нашата поддршка во областите со бугарското население во Украина. Значи, ние ќе придонесеме, но нема пари од Бугарија за оружје, нема пари за војната во Украина“, рече Радев.
Европската комисија го подели новиот заем на 25 милијарди евра за воена помош и 20 милијарди евра за буџетска помош. Од Киев нема да се бара да го врати заемот сè додека Москва не обезбеди воена отштета.



