РАКЕТНИОТ НАПАД НА САД Е НЕИЗБЕЖЕН, СЕ ЗАКАНИ СЕВЕРНА КОРЕЈА

    РАКЕТНИОТ НАПАД НА САД Е НЕИЗБЕЖЕН, СЕ ЗАКАНИ СЕВЕРНА КОРЕЈАИзминатава недела, Вашингтон и Пјонгјанг си разменија по неколку навреди. - Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун надгледува ракетен тест (Фото: Ројтерс)

    Северна Кореја вели дека ракетирањето на САД е неминовно откако „злобниот претседател“ Доналд Трамп го нарече лидерот во Пјонгјанг Кин Џонг Ун „ракетен човек“, дополнително ескалирајќи ја реториката околу нуклеарната и ракетната програма на изолираната земја. Говорот на севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Јонг Хо со ваквата закана во Генералното собрание на ОН се случи само неколку часа откако стратешки бомбардери на американското воздухопловство придружувани од борбени авиони прелетаа близу Северна Кореја.

    Изминатава недела, Вашингтон и Пјонгјанг си разменија по неколку навреди. Трамп го нарече Ким „лудак“ во петокот, еден ден откако Ким го нарече Трамп „ментално пореметен старец“. Денеска, министерот Ри го нарече Трамп „ментално пореметена личност полна со мегаломанија и арогантност“, која се обидува да ги претвори Обединетите нации во „гангстерско гнездо“. Ри кажа дека Трамп е на „самоубиствена мисија“ откако Трамп кажа дека Ким е на таква мисија.

    „Северна Кореја е подготвена да се брани себеси ако САД покаже каков било знак за воен напад на нашата земја. Сега сме конечно на неколку чекори од комплетирање на државната нуклеарна сила“, кажа Ри во Њујорк и додаде дека санкциите немаат никаков ефект на решителноста на Пјонгјанг да развива нуклеарно оружје, со крајна цел да биде „рамноправен со САД“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира