РАСТЕ БРОЈОТ НА ЖРТВИТЕ НА ПОПЛАВИТЕ ВО ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА, ПОЛСКА ПРОГЛАСИ СОСТОЈБА НА ПРИРОДНА КАТАСТРОФА

    РАСТЕ БРОЈОТ НА ЖРТВИТЕ НА ПОПЛАВИТЕ ВО ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА, ПОЛСКА ПРОГЛАСИ СОСТОЈБА НА ПРИРОДНА КАТАСТРОФАСе најавуваат нови врнежи во Австрија, Чешка и југоисточна Германија (Фото: АП)

    Расте бројот на жртвите што ја погодија Централна Европа викендов, при што се пријавени уште загинати во Чешка, Полска и Австрија.

    Во Чешка, едно лице се удави близу градот Брунтал, додека седуммина уште се водат како исчезнати. Досега е потврдена смртта на четворица луѓе во Полска, но министерството за внатрешни работи кажа дека оваа бројка не е конечна.

    Во Австрија се удавија двајца мажи на возраст од 70 и 80 години во североисточниот дел на земјата. Еден од нив наводно настрадал кога се обидувал да ја испумпа водата од својот стан.

    Ова се надоврзува на осумтемина загинати во Полска, Романија и Австрија овој викенд, вклучувајќи еден пожарникар.

    Иако ситуацијата се стабилизираше во некои делови на Централна Европа, други области се подготвуваат за нови непогоди. Се најавуваат нови врнежи во Австрија, Чешка и југоисточна Германија, а бурата Борис сега се движи и кон Италија.

    Во Словачка, надојдениот Дунав предизвика поплавување во Стариот Град во Братислава, при што водостојот надминал девет метри и се очекува да продолжи да расте. Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги откажа сите свои меѓународни обврски поради екстремното време и поплавите во земјата.

    Полска, каде што се евакуирани илјадници луѓе, денеска прогласи состојба на природна катастрофа, додека австрискиот канцелар Карл Нехамер ја распореди војската во областите погодени од невремето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира