РАЗГОЛЕНА АКТИВИСТКА ГО НАПАДНА БЕРЛУСКОНИ НА ГЛАСАЧКОТО МЕСТО

    РАЗГОЛЕНА АКТИВИСТКА ГО НАПАДНА БЕРЛУСКОНИ НА ГЛАСАЧКОТО МЕСТООва не е првпат Берлускони да се соочува со разголени активистки од украинската феминистичка група (Фото: АФП)

    Разголена активистка на ФЕМЕН му се пушти на Силвио Берлускони во моментот кога тој сакаше да гласа на парламентарните избори во Италија.

    Таа скокна на масата токму кога Берлускони требаше да го уфрли своето ливче во кутијата, испраќајќи му порака „твоето време истече“, што беше напишана на нејзините гради.

    Берлускони само се насмеа на целата ситуација, а додека си заминуваше од гласачкото место, активистката продолжи да извикува „твоето време истече“.

    Ова не е првпат 81-годишниот поранешен премиер да се соочува со разголени активистки од украинската феминистичка група. Тие го нападнаа на ист начин и во 2013 година.

    Основано во 2008 година во Украина, движењето ФЕМЕН се прослави со акциите на свои топлес активистки, кои најчесто протестираат против јавни и верски институции. 

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира