РЕВОЛУЦИЈАТА ИМА МАТКА – ИЛЈАДНИЦИ ПОЛЈАЦИ ТРИ ДЕНА ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ ЗАБРАНАТА НА АБОРТУС

    РЕВОЛУЦИЈАТА ИМА МАТКА – ИЛЈАДНИЦИ ПОЛЈАЦИ ТРИ ДЕНА ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ ЗАБРАНАТА НА АБОРТУСПротестите од Варшава се проширија во сите поголеми полски градови (Фото: АП)

    Илјадници луѓе протестираа трета ноќ по ред во Варшава и други големи полски градови откако десничарската влада ја спроведе судската одлука од октомври и воведе речиси целосна забрана за абортус. Тој ќе биде дозволен само во случај на силување и инцест или доколку бременоста го загрозува животот на мајката.

    Демонстрантите им пркосеа на коронамерките и ниските температури и уште еднаш во голем број излегоа на улица за да го изразат своето незадоволство од контроверзната судска одлука. „Мое тело, мој избор“, „Имате крв на своите раце“, „Не се играјте со жените“ беа дел од слоганите што се извикуваа на протестите.

    Протестите главно поминаа мирно, но полицијата во еден момент употреби солзавец против демонстрантите во Варшава, при што биле уапсени шест лица.

    Во октомври минатата година, уставниот суд пресуди дека законот од 1993, кој дозволуваше абортус во случај на сериозни и непоправливи абнормалности во фетусот, е неуставен. Во 2019, 98% абортуси во Полска биле изведени по таа основа, што значи дека сегашната пресуда го забранува најголемиот дел од прекините на бременоста.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира