РИЗИКОТ ОД ЗАРАЗА СО КОРОНАВИРУС Е ПОГОЛЕМ ВО КАНЦЕЛАРИЈА И УЧИЛИШТЕ ОТКОЛКУ ВО ТЕАТАР И СУПЕРМАРКЕТ, ВЕЛАТ ГЕРМАНСКИ НАУЧНИЦИ

    РИЗИКОТ ОД ЗАРАЗА СО КОРОНАВИРУС Е ПОГОЛЕМ ВО КАНЦЕЛАРИЈА И УЧИЛИШТЕ ОТКОЛКУ ВО ТЕАТАР И СУПЕРМАРКЕТ, ВЕЛАТ ГЕРМАНСКИ НАУЧНИЦИЕдно лице може да зарази друго во супермаркет ако престојува внатре околу еден час и притоа има лесни активности (Фото: ДПА)

    Во канцеларии и училишта постои поголем ризик од зараза со коронавирус отколку во фризерски салони и театар, вели истражувањето што го спроведоа научници од Техничкиот универзитет во Берлин, пренесува „Дојче веле“.

    Заедно со експерти од институтот за заразни болести „Роберт Кох“ и од клиниката „Шарите“ во Берлин, тие развија модел за оценување на ризикот од зараза преку таканаречениот индикатор Р.

    Неговата вредност зависи од повеќе фактори, како должината на престојот, протокот на воздухот и активностите што се прават во просторијата, на што се додава дозата на примени аеросолни честички. Овој модел е применлив само доколку се почитуваат основните препораки за заштита од коронавирус: носење маска, држење растојание и честа вентилација.

    Според овој модел, едно лице може да зарази друго во супермаркет ако престојува внатре околу еден час и притоа има лесни активности со малку зборење. Во канцеларии, каде што се престојува осум часа и не е задолжително да се носи маска, едно лице може да го пренесе вирусот на осуммина.

    При двочасовно седење во театар со 30% пополнет капацитет и задолжителна маска, ризикот од зараза е двојно помал отколку во супермаркет. Во средно училиште, во кое училниците се половина полни и мора да се носи маска, индикаторот на зараза е 2,9, во фризерски салон – 0,6, при тричасовен престој во теретана – 3,4, а во ресторан 2,3.

    „Ова кажува дека ризикот од зараза е многу висок во канцеларии и училишта, но решавачки фактор е должината на престојот. Колку подолго сте во некоја просторија, толку е поголемо количеството аеросолни честички“, вели експертот за вентилација Мартин Кригел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира