РОМАНИЈА ЗАДРЖА ТРИ БУГАРСКИ БРОДОВИ СО 10 МОРНАРИ КОИ ИЛЕГАЛНО ЛОВЕЛЕ АЈКУЛИ ВО РОМАНСКИ ВОДИ

    РОМАНИЈА ЗАДРЖА ТРИ БУГАРСКИ БРОДОВИ СО 10 МОРНАРИ КОИ ИЛЕГАЛНО ЛОВЕЛЕ АЈКУЛИ ВО РОМАНСКИ ВОДИБродовите и морнарите се донесени во военото пристаниште во Констанца и испрашани од властите. (Фото: Романска крајбрежна стража)

    Три бугарски бродови со 10 морнари се задржани од романските власти поради илегален лов на ајкули во романски води во Црното море. Бродовите и морнарите се донесени во военото пристаниште во Констанца и испрашани од властите.

    Романските власти велат дека во моментов има едномесечна забрана за лов на ајкули во романските води, а во бугарските бродови биле најдени уловени ајкули. Бродовите се од Бургас, Варна и Каварна.

    Бугарското МНР кажа дека морнарите се во добра состојба, но не им е дозволено да ги напуштат бродовите.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира