РОВЕРОТ „ПЕРСЕВЕРАНС“ СЕ СПУШТИ НА МАРС ПО ПАТ ОД 470 МИЛИОНИ КИЛОМЕТРИ, ЌЕ БАРА ТРАГИ НА ЖИВОТ ВО КРАТЕРОТ ЈЕЗЕРО

    РОВЕРОТ „ПЕРСЕВЕРАНС“ СЕ СПУШТИ НА МАРС ПО ПАТ ОД 470 МИЛИОНИ КИЛОМЕТРИ, ЌЕ БАРА ТРАГИ НА ЖИВОТ ВО КРАТЕРОТ ЈЕЗЕРО„Персеверанс“ ја испрати првата фотографија од Марс веднаш по слетувањето (Фото: НАСА)

    Роверот „Персеверанс“ успешно се спушти на површината на Марс во предвиденото време, означувајќи го почетокот на најамбициозната мисија на НАСА досега. Успешното слетување беше потврдено со радиопораки испратени на Земјата од кратерот Језеро.

    По седуммесечното патување и поминати 470 милиони километри, слетувањето беше најопасниот и најпредизвикувачки дел од мисијата, бидејќи „Персеверанс“ во таканаречените седум минути на ужас мораше да ја намали брзината од над 20.000 километри на час до нула.

    Една од главните цели на „Персеверанс“ ќе биде да бара знаци на древен живот. Ниедна научна мисија на Марс досега не била вака софистицирано опремена, ниту имала така ветувачка локација за истражување. Кратерот Језеро, именуван според село во БиХ во 2019 година, ги има сите обележја дека пред милијарди години бил огромно езеро, а каде има вода, треба да има и биологија. „Персеверанс“ ќе дупчи во талозите во потрага по древни микропски активности. Најдобрите примероци ќе се складираат и ќе бидат донесени на Земјата со идни мисии, што ќе почнат во 2026 година.

    Персеверанс“ слета на Марс опремен со низа напредни инструменти, 23 камери и со неколку микрофони. Две камери се монтирани на мал хеликоптер, кој ќе се обиде да лета во разретчената атмосфера на Марс.

    Од претходните 14 обиди за слетување на Марс, само осум беа успешни, сите американски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира