РОВЈА УБИ 16 ЛУЃЕ ВО ИНДИЈА ДОДЕКА НА ДОЖД ПРАВЕЛЕ САМОСЛИК НА КУЛА

    РОВЈА УБИ 16 ЛУЃЕ ВО ИНДИЈА ДОДЕКА НА ДОЖД ПРАВЕЛЕ САМОСЛИК НА КУЛАПолицијата вели дека повеќето меѓу загинатите биле млади. (Фото: Гети)

    Во удар на ровја вчера загинаа најмалку 16 луѓе, а многумина се повредени во Џајпур, северна Индија. Жртвите правеа самослик на дожд на врвот на стражарска кула на градската тврдина Амер, популарна туристичка атракција од 12. век.

    Полицијата вели дека повеќето меѓу загинатите биле млади. Дваесет и седум лица биле на кулата и на ѕидот на тврдината кога се случил инцидентот, а некои скокнале и на земја.

    Десетици загинаа во удари на ровја и во државите Утар Прадеш и Мадја Прадеш. Удар на ровја во просек секоја година убива околу 2.000 Индијци, според официјалните податоци. Само вчера имало уште девет смртни случаи од удари на ровја низ државата Раџастан, каде се наоѓа Џајпур, според извештаите на локалните медиуми. Експертите велат дека бројот на жртви е голем во двете држави затоа што голем број луѓе работат на отворено во земјоделството и градежништвото.

    Главните министри на Утар Прадеш и Раџастан и премиерот на Индија Нарендра Моди најавија компензација за семејствата на починатите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира