Американскиот претседател Доналд Трамп ја нарече Русија „силна земја“ и додаде дека САД е „многу, многу силна земја“, но не е оптимист дека ќе го реализира изборното ветување за подобри односи меѓу двете земји.
„Ќе видиме како ќе ни оди….“, одговори Трамп на новинарско прашање дали го променил мислењето за рускиот претседател Владимир Путин.
Коментарите на Трамп доаѓаат кусо откако државниот секретар Рекс Тилерсон кажа дека меѓу двете земји има ниско ниво на доверба на заедничката прес-конференција со неговиот руски колега Сергеј Лавров.
Трамп вчера беше домаќин на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и двајцата потврдија дека членовите на алијансата од Европа се загрижени во врска со потенцијална руска агресија. Американскиот претседател, исто така, призна дека го променил мислењето за НАТО и сега смета дека организацијата веќе не е застарена.