РУСИЈА ГИ ПРОГЛАСИ ФЕЈСБУК И ИНСТАГРАМ ЗА ЕКСТРЕМИСТИЧКИ ПЛАТФОРМИ

    РУСИЈА ГИ ПРОГЛАСИ ФЕЈСБУК И ИНСТАГРАМ ЗА ЕКСТРЕМИСТИЧКИ ПЛАТФОРМИПристапот кон Фејсбук и Инстаграм веќе беше ограничен во земјата (Фото: Гети)

    Московскиот суд ги прогласи активностите на Фејсбук и Инстаграм, чиј сопственик е „Мета“, за екстремистички и ги забрани нивните операции во Русија.

    „Го одобруваме барањето за забрана на активностите на ‘Мета‘“, изјави судијката Олга Солопова.

    Канцеларијата на јавниот обвинител соопшти дека на двете социјални мрежи се објавуваат екстремистички содржини, посочувајќи ги дозволените повици за насилство против руските граѓани, вклучувајќи ја војската ангажирана во Украина.

    Пристапот кон Фејсбук и Инстаграм веќе беше ограничен во земјата поради ширењето на „лажни вести“ за војната во Украина.

    Судијката кажа дека забраната не се однесува на апликацијата Вотсап, која исто така е сопственост на „Мета“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира