РУСИЈА ГО ПОВИКА РОЏЕР ВОТЕРС ОД „ПИНК ФЛОЈД“ ДА ЗБОРУВА ЗА УКРАИНА ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

    РУСИЈА ГО ПОВИКА РОЏЕР ВОТЕРС ОД „ПИНК ФЛОЈД“ ДА ЗБОРУВА ЗА УКРАИНА ВО ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИВотерс веќе збореше против западните испораки на оружје за Украина

    Русија го повика поранешниот член на „Пинк Флојд“, Роџер Вотерс, да зборува во Советот за безбедност на Обединетите нации денеска, на состанокот што Москва го побара за да се дискутира за испораките на оружје во Украина.

    „Руската дипломатија порано беше сериозна. Што е следно? Мистер Бин?“, изјави еден дипломат од Советот за безбедност.

    Вотерс беше критикуван од поддржувачите на Украина откако во септември објави јавно писмо до првата дама на Украина, Олена Зеленска. Тој веќе има зборено против западните испораки на оружје за Украина.

    „Да видиме што има да каже. Тој е во позиција и ќе слушнете утре. Можеби и ќе ни отпее нешто“, кажа вчера рускиот амбасадор во ОН, Васили Небензија.

    Советот за безбедност се состана десетици пати од почетокот на руската инвазија пред речиси една година, но не е во можност да преземе нешто зашто Русија има право на вето.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира