РУСИЈА ГО ШТИТИ КРИМСКИОТ МОСТ СО ПОДВОДНА БАРИЕРА ОД ПОТОПЕНИ БРОДОВИ

    РУСИЈА ГО ШТИТИ КРИМСКИОТ МОСТ СО ПОДВОДНА БАРИЕРА ОД ПОТОПЕНИ БРОДОВИМостот веќе беше цел на неколку напади од почетокот на војната во Украина (Фото: Стрингер)

    Русија создала подводна бариера од потопени бродови за да спречи идни украински напади на Кримскиот мост, вели британското министерство за одбрана. Мостот кој е од исклучително логистичко значење за Русија веќе беше цел на неколку напади од почетокот на војната во Украина, а при последниот биле користени беспилотни пловила.

    „Керчкиот Проток е исклучително важен за логистичка поддршка за руските сили на окупираните подрачја во Запорожје и Херсон и Русија силно се потпира на Кримскиот мост и траектите кои го поминуваат протокот. Покрај активните мерки на заштита, како противвоздушна одбрана, Русија има распоредено и низа пасивни одбранбени системи, како генератори на чад и потопени бродови. Снимки од 29 август потврдија дека Русија создала подводна бариера од потопени бродови и други структури за да спречи напади на мостот со беспилотни површински пловила“, велат Британците.

    Тие додаваат дека кај јужниот дел на мостот се наоѓаат неколку потопени брода на меѓусебно растојание од 160 метри.

    Русија го изгради Кримскиот мост четири години по анексијата на полуостровот во 2014. Долг речиси 20 километри, мостот ги поврзува Крим и копнениот дел на Русија со автопат и пруга и има голема симболичка важност за Кремљ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира