РУСИЈА ЈА НАПАДНА УКРАИНА СО ПРОЕКТИЛИ И ДРОНОВИ, РАКЕТИ ЛЕТАЛЕ И НАД РОМАНИЈА И МОЛДАВИЈА

    РУСИЈА ЈА НАПАДНА УКРАИНА СО ПРОЕКТИЛИ И ДРОНОВИ, РАКЕТИ ЛЕТАЛЕ И НАД РОМАНИЈА И МОЛДАВИЈАГрадот Запорожје бил погоден 17 пати во еден час (Фото: Твитер)

    Русија ја нападна Украина со проектили и дронови, што предизвика нови исклучувања на струјата во некои градови, додека истовремено ги засилува своите напади во Донбас, во очекување на голема офанзива. Официјални лица кажаа дека во нападот на регионите Харкив и Запорожје биле испукани 35 ракети „С-300“, кои тешко се пресретнуваат. Експлозии се слушнале и во Киев.

    Началникот на генералштабот на украинската војска, Валери Залужни, изјави дека две руски ракети лансирани од Црното Море влегле во воздушниот простор на Романија и Молдавија, пред да дојдат до Украина.

    Советникот на Зеленски, Михајло Подољак, изјави дека Русија цела ноќ и цело утро ја гаѓа Украина и ја критикуваше политичката неодлучност околу испраќањето на нови оружја. Последните напади уследија ден по посетата на Зеленски на Брисел, каде што упати барање до европските лидери да ѝ дадат борбени авиони на Украина.

    Властите кажаа дека противвоздушната одбрана дејствувала и во Одеса, Полтава и други градови, при што биле соборени пет проектили и пет дронови. Секретарот на градскиот совет на Запорожје, Анатолиј Куртиев, изјави дека градот бил погоден дури 17 пати во еден час. Засега нема информации за жртви.

    Државната енергетска компанија „Укренегро“ објави дека се погодени инфраструктурни објекти во источните, западните и јужните региони.

    Во Украина се интензивираат и борбите. Воената разузнавачка агенција на Украина кажа дека руските сили лансирале офанзива во делумно окупираните региони Доњецк и Луганск.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира