РУСИЈА ЈА ОДОБРИ ТРЕТАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19, ОД ЦЕНТАРОТ КОЈ ЈА НАПРАВИ ВАКЦИНАТА ПРОТИВ ДЕТСКА ПАРАЛИЗА

    РУСИЈА ЈА ОДОБРИ ТРЕТАТА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19, ОД ЦЕНТАРОТ КОЈ ЈА НАПРАВИ ВАКЦИНАТА ПРОТИВ ДЕТСКА ПАРАЛИЗА„КовиВак“ создава поширок имунолошки одговор што веројатно ќе заштити од какви било мутации. (Фото: Ројтерс)

    Русија ја одобри и третата вакцина против коронавирус за домашна употреба, објави вчера премиерот Михаил Мишусин, иако сѐ уште не почнале големите клинички истражувања за вакцината „КовиВак“ од Центарот Чумаков. Русија досега одобри две вакцини против ковид-19, меѓу кои „спутник“ на Московскиот институт Гамалеја, која исто така доби дозвола за употреба уште пред да стигнат резулатите од последните истражувања.

    Ваквите одобрувања предизивикаа загриженост кај научниците од Западот, но масовната вакцинација со нив во Русија почна дури откако беа завршени испитувањата и покажаа успех.

    „Спутник“ беше одбрена во август, а масовната вакцинација со оваа вакцина која покажа 91.4 отсто ефикасност почна во септември. Оттогаш до 10 феврруари, над два милиона Руси ја примиле првата доза од таа вакцина. Наскоро ќе почне употребата на втората вакцина, од Институтот Вектор од Новосибирск.

    Центарот Чумаков, основан во 1955 во Санкт Петерсрбург од Михаил Чумаков, е познат по работата со американскиот научник Алберт Сабин за времен на Студената војна, од која произлезе вакцината против детска парализа.

    За разлика од „спутник“, која користи модифициран безопасен вирус на настинка кој го мами телото да произведува антитела за да му помогне на имунитетот да се подготви за инфекција со коронавирус, „КовиВак“ е направена од коронавирус кој е деактивиран или е лишен од можноста за репликација.

    Предноста, според вирусологот Александар Чепурнов е во тоа што „КовиВак“ ги вклучува сите елементи на вирусот, создавајќи поширок имунолошки одговор што веројатно ќе заштити од какви било мутации.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира