РУСИЈА ЈА ЗАСИЛУВА ОДБРАНАТА НА ХЕРСОН СО НОВИ ТРУПИ

    РУСИЈА ЈА ЗАСИЛУВА ОДБРАНАТА НА ХЕРСОН СО НОВИ ТРУПИХерсон е единствениот регионален главен град во Украина што Русите го имаат освоено (Фото: Гети)

    Русија испраќа уште трупи во Херсон и можеби се подготвува за негова одбрана, изјави шефот на украинските разузнавачи Кирило Буданов, откако Киев претходно сугерираше дека некои руски единици се повлекуваат.

    Додека Украинците напредуваат во Херсон, Русија почна да шири тврдења дека Киев се подготвува да употреби „валкана бомба“, конвенционален експлозив засилен со радиоактивен материјал. Западот и Украина ги отфрлија овие обвинувања, додавајќи дека Русија би можела да го искористи ова како изговор за натамошна ескалација.

    Руските власти во изминатите денови наредија евакуација на десетици илјади цивили од овој јужен регион, но според Буданов, Москва на тој начин само сака да создаде привид дека ситуацијата е изгубена.

    Руската војска испраќа дополнителни трупи и ги подготвува улиците на Херсон за одбрана. Русите сè уште не се спремни да го напуштат градот“, кажа Буданов.

    Херсон е единствениот регионален главен град во Украина што Русите го имаат освоено во изминатите осум месеци, но украинските сили напредуваат од почетокот на октомври, при што имаат ослободено околу 90 села.

    За да се засили одбраната, проруските власти вчера најавија формирање милиција на која доброволно можат да ѝ се придружат сите локални мажи. Според украинските власти, ова е само маска за регрутирање цивили во руската војска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира