РУСИЈА ЌЕ ГО ЗАБРАНИ ИЗВОЗОТ НА БЕНЗИНОТ НА ШЕСТ МЕСЕЦИ

    РУСИЈА ЌЕ ГО ЗАБРАНИ ИЗВОЗОТ НА БЕНЗИНОТ НА ШЕСТ МЕСЕЦИЦените на бензинот се чувствителна тема во Русија во пресрет на претседателските избори (Фото: ТАСС)

    Русија ќе воведе шестмесечна забрана за извоз на бензиот, која стапува на сила на 1 март. Целта на оваа мерка е да се одржи стабилност на цените среде зголемената побарувачка од домашните потрошувачи и земјоделци и да се овозможи сервисирање на рафинериите.

    Премиерот Михаил Мишустин ја одобри мерката предложена од неговиот заменик Александар Новак, кој е првиот човек на Путин за огромниот енергетски сектор. Покрај членките на Евроазиската економска зона Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан, забраната нема да се однесува и на Монголија, Узбекистан и отцепените грузиски региони Јужна Осетија и Абхазија.

    Цените на бензинот се чувствителна тема во пресрет на претседателските избори, што ќе се одржат од 15 до 17 март, додека некои руски рафинерии беа погодени и оштетени во украински напади со дронови во изминатите месеци.

    Нафтата, нафтените деривати и гасот се најзначајните руски извозни производи и главен извор на приходи во странска валута. Во 2023, Русија произвела 43,9 милиони тони бензин, од кои 5,76 милиони тони биле извезени, односно околу 13% од производството. Најголемите увозници на рускиот бензин се африканските земји.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира