РУСИЈА ЌЕ ОДРЖИ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ НА 17 МАРТ, ПРВПАТ ЌЕ СЕ ГЛАСА И НА ОКУПИРАНИТЕ ДЕЛОВИ НА УКРАИНА

    РУСИЈА ЌЕ ОДРЖИ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ НА 17 МАРТ, ПРВПАТ ЌЕ СЕ ГЛАСА И НА ОКУПИРАНИТЕ ДЕЛОВИ НА УКРАИНАПутин засега не се изјаснил дали ќе бара нов шестгодишен мандат (Фото: ТАСС)

    Горниот дом на рускиот парламент потврди дека претседателските избори во Русија ќе се одржат на 17 март 2024. Сите 162 пратеници во Советот на федерацијата ја поддржаа одлуката.

    „Со оваа одлука, и официјално го означуваме почетокот на предизборната кампања“, изјави претседателката на Советот на федерацијата, Валентина Матвиенко.

    Таа додаде дека за првпат и жителите на делови на Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон ќе земат учество во гласањето.

    „Со заеднички избор на шефот на државата, ние целосно ја споделуваме заедничката одговорност и заедничката судбина на нашата татковина“, рече Матвиенко.

    Владимир Путин засега не се изјаснил официјално дали ќе бара нов шестгодишен мандат.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира