РУСИЈА ЌЕ ПРОБА НОВА ОФАНЗИВА НАЈРАНО ВО МАЈ, НИ ТРЕБА НОВО ОРУЖЈЕ ВО РОК ОД ЕДЕН МЕСЕЦ, ВЕЛИ ЗЕЛЕНСКИ

    РУСИЈА ЌЕ ПРОБА НОВА ОФАНЗИВА НАЈРАНО ВО МАЈ, НИ ТРЕБА НОВО ОРУЖЈЕ ВО РОК ОД ЕДЕН МЕСЕЦ, ВЕЛИ ЗЕЛЕНСКИЗеленски смета дека дека победата на Украина зависи од континуираната западна поддршка (Фото: АП)

    Русија подготвува нова офанзива во Украина, која би почнала на крајот на мај или налето, но ние имаме наш борбен план, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Откако војната викендов влезе во третата година, Зеленски кажа дека е клучно Киев и неговите западни сојузници да останат обединети, нагласувајќи дека победата на Украина зависи од континуираната западна поддршка.

    Ќе се подготвиме за нивниот напад. Нивниот напад што почна на 8 октомври не донесе никакви резултати. Ние ќе го подготвиме нашиот план и ќе го следиме“, изјави Зеленски.

    Тој вчера за првпат од почетокот на војната збореше за украинските воени загуби, велејќи дека досега загинале 31.000 војници, што е двојно помалку од американските проценки од август минатата година.

    Додека украинската војска се соочува со недостиг на муниција бидејќи новата американска воена помош е заглавена во Конгресот, Зеленски вели дека на Украина ѝ е потребна одлука во рок од еден месец. Украинските воени напори се силно зависни од западната поддршка, а Зеленски кажа дека Европската Унија досега испорачала само 30% од ветените еден милион гранати.

    Зеленски најави и мировен самит во Швајцарија напролет, а предлог-договор потоа ќе ѝ биде доставен на Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира