РУСИЈА ОДГОВОРИ СО ПРОТЕРУВАЊЕ НА 60 АМЕРИКАНСКИ ДИПЛОМАТИ

    РУСИЈА ОДГОВОРИ СО ПРОТЕРУВАЊЕ НА 60 АМЕРИКАНСКИ ДИПЛОМАТИРусија го затвори и генералниот конзулат на САД во Санкт Петербург (Фото: Гети)

    Русија протера 60 американски дипломати и ќе го затвори конзулатот во Санкт Петербург како реципроцитетен одговор на неодамнешниот потег на САД во врска со труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Велика Британија.

    Одлуката ја објави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

    САД и 20-ина други земји се солидаризираа со Велика Британија и протераа руски дипломати, обвинувајќи ја Русија за нападот со нервен гас во Салисбери. Во меѓувреме, беше објавено дека состојбата на ќерката на Скрипал се подобрува и дека веќе не е во животна опасност.

    „Американскиот амбасадор е известен за возвратните мерки. Тие вклучуваат протерување на еднаков број дипломати и укинување на генералниот конзулат на САД во Санкт Петербург. И останатите држави кои протерале руски дипломати можат да го очекуваат ова“, изјави Лавров.

    За непожелни личности се прогласени 58 дипломати во Москва и двајца во Екатеринбург.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира