РУСИЈА ОРГАНИЗИРАЛА ПУЧ ВО ЦРНА ГОРА, ПОКАЖА ИСТРАГАТА НА ЦРНОГОРСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО

a:1:{s:9:"td_source";s:26:"Подгорица,(АП)

    РУСИЈА ОРГАНИЗИРАЛА ПУЧ ВО ЦРНА ГОРА, ПОКАЖА ИСТРАГАТА НА ЦРНОГОРСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО

    Истрагата на црногорските власти покажала дека руски националисти стојат зад наводниот обид за пуч на денот на изборите поради планот на владата да му се приклучи на НАТО. Специјалниот обвинител Миливоје Катниќ рече дека истрагата довела до заклучок дека националисти од Русија организирале криминална група којашто планирала да провали во парламентот и да предизвика насилство во малата балканска земја.

    Околу 20 српски и црногорски државјани, вклучувајќи и поранешен командант на српските специјални полициски единици беа уапсени во Црна Гора за време на изборите на 16 октомври

    Тие се осомничени дека се обиделе да изведат пуч со киднапирање или убивање на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ и со насилно влегување во парламентот. Српските власти наводно депортитале непрецизиран број руски оперативци кои го следеле движењето на Ѓукановиќчќ од српска територија. Русија негира каква било вмешаност.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари