РУСИЈА ПОДГОТВУВА ГОЛЕМА ОФАНЗИВА НА ДОНБАС, ВЕЛИ УКРАИНСКАТА ВОЈСКА

    РУСИЈА ПОДГОТВУВА ГОЛЕМА ОФАНЗИВА НА ДОНБАС, ВЕЛИ УКРАИНСКАТА ВОЈСКАОфанзивата на југоистокот следува откако Русите се повлекоа од околината на Киев (Фото: АП)

    Руските сили се подготвуваат за голема офанзива на југоистокот на Украина, соопшти украинската војска.

    Москва го зголемува военото присуство на истокот на Украина со цел да ја преземе контролата врз регионот Донбас, што следува по наглото повлекување од околината на Киев и од северот на земјата.

    „Примарна цел на руските сили е освојувањето на градовите Попасна и Рубижне во регионите Доњецк и Луганск и на Мариупол. Пристапот кон Харкив е блокиран. Непријателот се прегрупира и ги концентрира своите сили, подготвувајќи се за голема офанзива на истокот на земјата. Целта е да се воспостави целосна контрола врз регионите Доњецк и Луганск“, објави генералштабот на украинската војска на Фејсбук.

    Русија пред некое време најави дека ќе се фокусира на целосното ослободување на Донбас. Доколку Русите го освојат Мариупол, тоа ќе им овозможи копнено поврзување на Крим и Донбас.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира