РУСИЈА ПРОГЛАСИ ПОБЕДА НА РЕФЕРЕНДУМИТЕ ВО ОКУПИРАНИТЕ УКРАИНСКИ РЕГИОНИ, ЗА АНЕКСИЈА БИЛЕ И ДО 99% ГЛАСАЧИ

    РУСИЈА ПРОГЛАСИ ПОБЕДА НА РЕФЕРЕНДУМИТЕ ВО ОКУПИРАНИТЕ УКРАИНСКИ РЕГИОНИ, ЗА АНЕКСИЈА БИЛЕ И ДО 99% ГЛАСАЧИМеѓународната заедница ги опиша референдумите како незаконски и лажни (Фото: Гети)

    Кремљ го расчисти патот кон анексија на уште украински територии, тврдејќи дека големо мнозинство жители во окупираните региони гласале за припојување кон Русија на референдумите кои меѓународната заедница ги опиша како незаконски и лажни.

    Проруските функционери објавија дека сите четири украински региони гласале за приклучување кон Русија. Во Запорожје, 93% луѓе гласале за анексија, 87% во Херсон, 98% во Луганск и 99,23% во Доњецк. Овие области сочинуваат 15% од територијата на Украина, но сè уште не се под целосна контрола на руските сили, вклучувајќи го и градот Запорожје, кој пред војната имал над 700.000 жители. 

    Секоја анексија во модерниот свет е злосторство. Оваа фарса не може да се нерече ни имитација на референдуми. Украина ќе продолжи да ги брани луѓето во регионите кои сега се под руска окупација“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

    Очекуваниот исход на референдумите би можел да доведе до ескалација на војната. Се очекува Владимир Путин в петок да се обрати во рускиот парламент, кога би можел да прогласи анексија на четирите региони. Претседателката на долниот дом, Валентина Матвијенко, изјави дека пратениците би можеле да гласаат за законите за анексија на 4 октомври.

    Референдумите траеја пет дена, при што во првите четири дена руски војници оделе со гласачки кутии од врата до врата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира