РУСИЈА РАЗМИСЛУВА ДА ГО НАМАЛИ НИВОТО НА ДИПЛОМАТСКИТЕ ОДНОСИ СО ЗАПАДОТ

    РУСИЈА РАЗМИСЛУВА ДА ГО НАМАЛИ НИВОТО НА ДИПЛОМАТСКИТЕ ОДНОСИ СО ЗАПАДОТРусија разгледува различни начини како да му одговори на западот за неговата вмешаност во војната во Украина (Фото: АФП)

    Кремљ кажа дека размислува да го намали нивото на дипломатските односи со западот поради подлабоката вмешаност на САД и нивните сојузници во војната во Украина.

    „Намалувањето на дипломатските односи е стандардна практика за земјите кои се однесуваат непријателски. Поради сѐ поголемата вмешаност на западот во конфликтот во Украина, Руската Федерација мора да разгледа различни опции како одговор на таквите непријателски интервенции во украинската криза“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

    Тој додаде дека аасега не е донесена никаква одлука по ова прашање, но Русија разгледува различни начини како да му одговори на западот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира