РУСКА ДВОЈКА МОЖЕ ДА ОСТАНЕ БЕЗ ДЕТЕТО ОТКАКО БИЛА СНИМЕНА НА ПРОТЕСТ ВО МОСКВА

    РУСКА ДВОЈКА МОЖЕ ДА ОСТАНЕ БЕЗ ДЕТЕТО ОТКАКО БИЛА СНИМЕНА НА ПРОТЕСТ ВО МОСКВАОлга и Дмитри Проказови тврдат дека биле на прошетка и дека не се приклучиле на незаконскиот протест

    Руската двојка Дмитри и Олга Проказови живеат во страв дека би можело да им биде одземено едногодишното дете, зашто наводно го земале со себе на незаконски протест против власта.

    Обвинителите тврдат дека тие го загрозиле детето со тоа што го донеле на протестот на 27 јули во Москва, што насилно беше растеран од полицијата. Над 1.400 луѓе биле уапсени на овој протест, за кој организаторите немале дозвола. Повеќето од приведените биле ослободени по неколку часови, но некои се задржани во притвор и се соочуваат со криминални обвиненија, за што би можеле да добијат затворски казни.

    Зборувајќи за независната телевизија „Дожд ТВ“, Проказов негираше дека со жена му учествувале во протестот, туку дека биле на прошетка во центарот на Москва.

    „Ние бевме свесни дека се одржува протест и имаме симпатии кон демонстрантите, но не се приклучивме бидејќи бевме со детето. Не направивме ништо погрешно со тоа што му го дадовме детето на близок пријател да го подржи“, изјави Проказов.

    Обвинителите тврдат дека тој нивни пријател е еден од организаторите на масовните нереди.

    „Ние не бевме во близина на полициски кордони, ниту го доведовме детето во опасност. Јас не гледав ништо погрешно во тоа што го правиме. Се шокиравме кога полицијата дојде во нашиот дом и нѐ третираше како криминалци. Тоа беше варварски“, додаде Проказов.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира