РУСКИ И БЕЛОРУСКИ КАМИОНИ ЗАГЛАВИЈА ВО РЕДИЦА ОД 80 КИЛОМЕТРИ ПРЕД ИСТЕКОТ НА РОКОТ ЗА ИЗЛЕЗ ОД ЕУ

    РУСКИ И БЕЛОРУСКИ КАМИОНИ ЗАГЛАВИЈА ВО РЕДИЦА ОД 80 КИЛОМЕТРИ ПРЕД ИСТЕКОТ НА РОКОТ ЗА ИЗЛЕЗ ОД ЕУКамионите мораа да ја напуштат ЕУ до полноќ (Фото: Шатерсток)

    Огромна редица од камиони се формираше на полско-белоруската граница додека руските и белоруските камионџии се обидуваа да излезат од Европската Унија пред истекот на крајниот рок поради западните санкции. Камионите создадоа редица од 80 километри, при што некои биле заглавени 33 часа.

    ЕУ забрани влез или останување на камиони од Русија и Белорусија, со исклучок на оние кои превезуваат лекови, пошта или нафтени деривати.

    „Крајниот рок истекува на полноќ. Треба да извозиме уште многу километри, што не е реално“, кажа синоќа еден возач од Белорусија.

    Неколку часа по истекот на крајниот рок, чекањето за излез се намалило на 12 часа, додека бројот на камионите на двата гранични премина бил меѓу 230 и 400. Засега е нејасно што ќе се случи со илјадници други камиони од двете земји кои и натаму се на територијата на ЕУ, но постои можност да бидат запленети од државите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира