Рускиот амбасадор во Судан Миргајас Ширински, денес беше пронајден мртов во неговиот дом во Картум, соопшти полицијата во суданскиот главен град.
Не се знае причината за смрта, но портпарлот на полицијата изјави дека било познато оти Ширински страдал од крвен притисок.
Во февруари оваа година во Њујорк умре рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин, на кого му се слоши на работно место и беше префрлен итно во болница. Пред тоа, во јануари на сличен начин, од срцев удар или ненадејно умреа и рускиот амбасадор во Индија и рускиот конѕул во Атина, Грција.