РУСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ИМААТ ВЛОЖЕНО 213 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО ШВАЈЦАРСКИТЕ БАНКИ

    РУСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ИМААТ ВЛОЖЕНО 213 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО ШВАЈЦАРСКИТЕ БАНКИЗападните санкции за Русија понудија редок увид во швајцарските банкарски сефови (Фото: ЕПА)

    Во швајцарските банки се складирани над 200 милијарди долари од руското богатство, процени Асоцијацијата на швајцарските банкари (СБА) откако западните санкции за Русија понудија редок увид во швајцарските сефови.

    СБА проценува дека руските клиенти имаат вложено меѓу 150 и 200 милијарди швајцарски франци (213 милијарди долари) на офшор сметките во швајцарските банки.

    Ова е ретко откритие за Швајцарија, која строго се противеше на сите претходни барања за транспарентност и следува откако земјата, спротивно на својата неутралност, ги поддржа санкциите на Европската Унија за Русија. Копретседателката на Социјалдемократите, Матеа Мајер, ја повика Швајцарија да ги блокира сите пари што им припаѓаат на руските државјани блиски со Владимир Путин и Кремљ.

    „Дел од овие пари се на олигарсите лојални на Кремљ. Со тие пари се финансира војната“, вели Мајер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира