РУСКИТЕ ХАКЕРИ НАПАДНАЛЕ 42 СОЈУЗНИЦИ НА УКРАИНА, ВЕЛИ „МАЈКРОСОФТ“, САМО ВО ЕСТОНИЈА НЕМАЛО НИЕДЕН САЈБЕРПРОБИВ

    РУСКИТЕ ХАКЕРИ НАПАДНАЛЕ 42 СОЈУЗНИЦИ НА УКРАИНА, ВЕЛИ „МАЈКРОСОФТ“, САМО ВО ЕСТОНИЈА НЕМАЛО НИЕДЕН САЈБЕРПРОБИВСпоред компанијата, руските сајбернапади биле успешни во 29% случаи (Фото: АП)

    Паралелно со сајбернападите на Украина, руските хакери спроведуваат стратешка шпионажа против владите, невладините организации и бизнисите во 42 држави кои го поддржуваат Киев, објави „Мајкрософт“.

    „Од почетокот на војната, руските сајбернапади на сојузниците на Украина биле успешни во 29% случаи, а податоци биле украдени во една четвртина од успешните пробиви“, вели претседателот на компанијата, Бред Смит.

    Речиси две третини од метите за сајбершпионажа вклучувале членки на НАТО. Најчестата мета биле САД, следени од Полска, а во изминатите два месеца се засилиле нападите врз Данска, Норвешка, Финска, Шведска и Турција.

    Исклучок е Естонија, каде што „Мајкрософт“ не регистрирал ниеден руски сајберпробив од 24 февруари. Според компанијата, ова се должи на тоа што Естонија користи обработка на податоци во облак (cloud computing), при што полесно се откриваат натрапници.

    Половина од 128-те организации кои биле нападнати се владини организации, а 12% се невладини агенции. Други мети биле телекомуникациски, енергетски и одбранбени компании.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира