РУСКИТЕ СИЛИ ГО ПРЕТВОРИЈА УКРАИНСКИОТ ГРАД МАРИНКА ВО ПУСТОШ БЕЗ УСЛОВИ ЗА ЖИВОТ

    РУСКИТЕ СИЛИ ГО ПРЕТВОРИЈА УКРАИНСКИОТ ГРАД МАРИНКА ВО ПУСТОШ БЕЗ УСЛОВИ ЗА ЖИВОТВо Маринка денес нема никој освен војници (Фото: АП)

    Пред почетокот на руската инвазија, Маринка била дом на 9.000 луѓе, а денес е град на духови и буквално срамнета со земја. Снимки направени со дрон прикажуваат нереален, апокалиптичен пејзаж, а сивите урнатини создаваат илузија на дистописка пустош, каде што целиот живот е збришан.

    Пред војната, во Маринка живееле 9.000 луѓе (Фото: Твитер)

    Маринка, која се наоѓа во регионот Доњецк, беше бојно поле многу пред почетокот на војната минатата година, имајќи предвид дека за неа се водеа борби и во 2014 и 2015. Денес нема недопрена зграда или дрво во градот, во кој одамна нема цивили, зашто беше целосно евакуиран.

    „Градот е целосно уништен. Освен војници, во градот нема други луѓе, зашто нема услови за живот“, изјави Артем Шус, некогашниот шеф на полицијата на Маринка.

    Линијата на фронтот поминува низ градот (Фото: АП)

    Тој верува дека руските сили продолжуваат да го гранатираат градот за да ги уништат сите преостанати засолништа за украинската војска, додека бојното поле поминува низ самата Маринка.

    (Фото: Твитер)

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира