САД БОМБАРДИРАА ИРАНСКИ ЦЕЛИ НА СЕДУМ ЛОКАЦИИ ВО СИРИЈА И ИРАК

    САД БОМБАРДИРАА ИРАНСКИ ЦЕЛИ НА СЕДУМ ЛОКАЦИИ ВО СИРИЈА И ИРАКАмериканските сили погодија повеќе од 85 цели на седум локации, четири во Сирија и три во Ирак, соопшти војската. (Фото: АП)

    Американската војска синоќа започна воздушни напади во Ирак и Сирија против повеќе од 85 цели поврзани со Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) и милициите што таа ги поддржува, како одмазда за нападот во Јордан минатиот викенд во кој загинаа тројца американски војници.

    Нападите, со бомбардери Б-1 со долг дострел кои летаа од САД, се први во повеќестепениот одговор на администрацијата на претседателот Џо Бајден на нападот од милитантите поддржани од Иран, а се очекуваат и повеќе воени операции на САД во наредните денови.
    Иако американските напади не беа насочени кон локации во Иран, тие сигнализираат понатамошна ескалација на конфликтот на Блискиот Исток од повеќе од тримесечната војна на Израел со палестинските милитанти на Хамас во Газа.

    Во соопштението на американската војска се вели дека нападите погодиле цели меѓу кои и командни и контролни центри, ракети, проектили и складишта за беспилотни летала, како и објекти за логистика и синџир за снабдување со муниција. Американските сили погодија повеќе од 85 цели на седум локации, четири во Сирија и три во Ирак, соопшти војската.

    Нападите беа насочени кон силите Кудс – паравоена група за странска шпионажа на ИРГЦ која силно влијае на нејзината сојузничка милиција низ Блискиот Исток, од Либан до Ирак и Јемен до Сирија. Американскиот генерал-полковник Даглас Симс, директор на Здружениот штаб, рече дека се чини оти нападите  биле успешни, предизвикувајќи големи секундарни експлозии кога бомбите го погодиле оружјето на милитантите, иако не е јасно дали некои милитанти биле убиени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира