САД ГИ ЗАБРАНУВААТ СИТЕ ПАТНИЧКИ ЛЕТОВИ ОД КИНА

    САД ГИ ЗАБРАНУВААТ СИТЕ ПАТНИЧКИ ЛЕТОВИ ОД КИНАЧетири кинески авиокомпании продолжија да летаат меѓу двете земји и за време на пандемијата (Фото: Гети)

    САД ќе ги забранат сите патнички летови од Кина од 16 јуни, што е последниот знак на тензии помеѓу двете земји.

    Министерството за транспорт појасни дека го казнуваат Пекинг затоа што не им дозволува на американските компании да ги обноват летовите кон Кина откако пандемијата почна да попушта. Забраната ќе се однесува на четирите кинески авиокомпании кои продолжија да летаат меѓу двете земји и за време на пандемијата, иако со намален распоред.

    Со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, кинеските власти во март ги ограничија домашните и странските авиокомпании на само еден лет неделно меѓу Кина и одредена земја. Тие кажаа дека рестрикциите се фер бидејќи важат за сите авиокомпании.

    Во јануари имало 325 летови меѓу Кина и САД неделно, што од крајот на март паднало на само 34.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира