САД ГО ПОКАНИЈА ПУТИН НА САМИТОТ НА Г20 ВО МАЈАМИ

    САД ГО ПОКАНИЈА ПУТИН НА САМИТОТ НА Г20 ВО МАЈАМИПутин последен пат лично присуствувал на самит на Г20 во 2019 (Фото: ДПА)

    САД го поканија рускиот претседател Владимир Путин да присуствува на самитот на Г20 во Мајами во декември, изјави државниот секретар Марко Рубио, кој се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

    Го поканивме претседателот Путин на Г20. Сметаме дека тоа е можност тој да оствари контакти не само со претседателот Трамп, туку и со други светски лидери. Се надеваме дека ќе ја прифати поканата“, рече Рубио.

    Русија останува членка на групацијата што ја сочинуваат 19 земји, Европската Унија и Африканската Унија. Сепак, Путин последен пат лично присуствувал на самит на Г20 во 2019.

    Трамп уште во април изрази надеж дека Путин ќе присуствува на самитот во Мајами.

    „Ако дојде, тоа веројатно би било многу корисно“, рече тогаш Трамп.

    САД и Русија не објавија детали од средбата Рубио-Лавров.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира