САД И ИРАН РАЗМЕНИЈА ЗАКАНИ ПО ПРВАТА РУНДА РАЗГОВОРИ ВО ШВАЈЦАРИЈА, НО КАЖАА ДЕКА ИМАЛО НАПРЕДОК

    САД И ИРАН РАЗМЕНИЈА ЗАКАНИ ПО ПРВАТА РУНДА РАЗГОВОРИ ВО ШВАЈЦАРИЈА, НО КАЖАА ДЕКА ИМАЛО НАПРЕДОКВодечкиот американски преговарач Џеј-Ди Венс со посредниците од Катар и Пакистан (Фото: АП)

    САД и Иран разменија закани по првата рунда разговори во Швајцарија, но и кажаа дека постигнале охрабрувачки напредок во постигнувањето конечен договор. Техничките разговори ќе продолжат во текот на неделата.

    Во заедничка изјава објавено рано утрово, посредниците Катар и Пакистан кажаа дека „Комитетот на високо ниво“ се согласил на „мапа на патот кон постигнување конечен договор во рок од 60 дена“. Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, рече дека разговорите донеле голем напредок кон ставање крај на конфликтот во Либан, каде што судирите продолжија и откако во петокот беше објавено дека Израел и Хезболах договориле прекин на огнот.

    Меморандумот за разбирање потпишан минатата недела вклучува обврска за постигнување конечен договор во рок од 60 дена, прекин на борбите на сите фронтови, вклучително и во Либан и повторно отворање на Ормускиот Теснец, низ кој викендов поминале неколку брода.

    Посредниците рекоа дека е формирана „комуникациска линија за да се избегнат инциденти и лоша комуникација со цел безбедно поминување на комерцијалните бродови низ Ормускиот Теснец“.

    Трамп истовремено го повика Техеран веднаш да го спречи Хезболах да прави проблеми во Либан или САД повторно ќе го удрат Иран многу силно, на што доби одговор од главниот ирански преговарач Мохамад Багер Калибаф.

    Зарем не мислат дека ако нивните закани имаа некаков ефект, денес немаше да бидат во оваа очајна ситуација? Без разлика колку зборуваат, ние сме тие кои преземаат акција“, рече Калибаф.

    Водечкиот американски преговарач Џеј-Ди Венс изјави дека Трамп побарал од преговарачите да свртат нов лист.

    Ако раководството на Иран е подготвено да се откаже од тоа да биде двигател на регионалната нестабилност и од неговите амбиции за нуклеарно оружје на подолг рок, тогаш САД се подготвени фундаментално да го трансформираат својот однос со таа земја“, рече Венс.

    Иако борбите се намалиле вчера, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху инсистираше дека израелската војска ќе остане во јужен Либан колку што е потребно за да се заштити северен Израел. Лидерот на Хезболах, Наим Касем, отфрли какво било израелско воено присуство во јужен Либан и рече дека Хезболах ќе се брани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира