САД И УКРАИНА ПОТПИШАА ДЕСЕТГОДИШЕН БЕЗБЕДНОСЕН ДОГОВОР

    САД И УКРАИНА ПОТПИШАА ДЕСЕТГОДИШЕН БЕЗБЕДНОСЕН ДОГОВОРЗеленски и Бајден го опишаа договорот како историски (Фото: АП)

    Џо Бајден и Володимир Зеленски потпишаа десетгодишен билатерален безбедносен договор за време на самитот на Г7 во Италија, за кој беше кажано дека е претходница на членството на Украина во НАТО. Договорот има за цел да ги обврзе идните американски администрации да ја поддржуваат Украина, дури и ако Доналд Трамп во ноември победи на изборите, изјавија официјални лица.

    Нашата цел е зајакнувањето на украинските способности за одвраќање и одбрана. Пораката на Г7 до Владимир Путин е дека не може да нѐ подели“, изјави Бајден,

    Лидерите на Г7 претходно договорија Украина да добие заем од 50 милијарди долари, што ќе се финансира од каматите на замрзнатите руски средства.

    Украинско-американскиот безбедносен договор претставува рамка за долготрајните напори да се помогне развојот на застарените украински вооружени сили и служи како чекор напред кон евентуалното членство на Украина во НАТО, стои во текстот на договорот. Тој предвидува и развој на украинската одбранбена индустрија и проширување на нејзината војска.

    Зеленски го опиша договорот како историски, велејќи дека е мост кон можното идно членство на Украина во НАТО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира