САД ЌЕ ЈА ОДОБРАТ КОВИД ВАКЦИНАТА НА „ФАЈЗЕР“ И ЗА ДЕЦА ОД 12 ДО 15 ГОДИНИ

    САД ЌЕ ЈА ОДОБРАТ КОВИД ВАКЦИНАТА НА „ФАЈЗЕР“ И ЗА ДЕЦА ОД 12 ДО 15 ГОДИНИВакцината на „Фајзер“ е веќе достапна во САД за сите над 16 години (Фото: АП)

    Американската Агенција за храна и лекови ќе ја одобри ковид вакцината на „Фајзер/Бионтек“ и за деца на возраст од 12 до 15 години, што треба да се случи најрано следната недела, објави „Њујорк тајмс“.

    „Фајзер“ уште во март кажа дека клиничките тестирања покажале дека вакцината е безбедна, ефективна и предизвикува силен имунолошки одговор кај оваа возрасна група. Оваа вакцина е веќе одобрена во САД за сите над 16 години. Директорката на Центарот за контрола и превенција на болести Рошел Валенски претходно изјави дека очекуваат вакцината да биде одобрена и за помали деца до средина на мај.

    Одобрувањето на вакцината дополнително ќе ја поттикне имунизацијата во САД, при што „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“ исто така ја тестираат својата вакцина на деца од 12 до 18 години.

    „Фајзер“ и „Модерна“ вклучија уште помали деца во тестирањата, од шест месеци до 11 години и двете компании се надеваат дека вакцината ќе биде достапна за нив од следната година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира